Банално е некој да помислува дека може да владее со Општина Дебрца, а притоа и самиот тој во изминат изборен циклус да освои само 12 гласови. Ногачески треба прво себеси да си одговори неколку прашања, рече на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ за Дебрца, Катерина Пискулоска.

– Дали некогаш бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Дали имал одредена позиција преку која можел да ја подобри самата состојба во општината, а всушност не направил ништо. Дали кога беше игнориран поради неговите фантазерски мисли се обиде како самостоен кандидат за Градоначалник, со дури освоени 12 гласа, за потоа да се инфилтрира во СДСМ. Ногачески не може да се затскрие зад моменталната негова политичка партија, велиме моментална бидејќи по неговиот пораз, сигурни сме дека повторно ќе пребега во некоја друга политичка опција. Му порачуваме на Ногачески дека не треба со возилото кое го вози периодов со која лиферува политичка пропаганда да му биде излепена со постери за на тој начин го препознаваат, жителите на Дебрца единствено препознаваат дела и проекти, а тоа не оди заедно со ликот на Ногачески, рече Пискулоска.

OhridNews
–