Пиштолот кој му припаѓал на еден од најозлогласените Американски криминалци, Џон Дилинџер е продаден за 100 илјади долари на еден анонимен колекционер од Лос Анџелес.


Станува збор за пиштол “Remington 41 caliber double derringer”, кој Џон го носел со себе кога бил уапсен во далечната 1934 година во Аризона. Шест месеци подоцна федералните агенти го убиле пред едно кино во Чикаго. Дилинџер се прославил како еден од најголемите ограбувачи на банки во историјата на Америка.