Пиштолите кој кај себе ги имале Бони и Клајд кога биле убиени биле продадени на аукција во Њу Хемпшир за повеќе од половина милион долари. Пиштолите биле два од 134 предмети кои биле продадени на аукцијата за вкупно 1,1 милион долари. Околу две третини од предметите им припаѓале на Бони и Клајд, но на аукцијата се нашле и предмети на други криминалци, како Ал Капоне, Прити Бој Флојд и Џон Дилинџер.
Пиштолот на Бони бил продаден за 264 илјади долари, и тоа е највисоката цена постигната на аукцијата. Пиштолот на Клајд бил продаден за 240 илјади долари на истиот купувач кој не сакал да биде именуван. Повеќето од предметите им припаѓале на гангстери, но некои припаѓале и на оние кои биле на страната на законот, вклучувајќи го и Елиот Неш кој го предводел тимот федералци познати како „Недопирливите“ и тексашкиот ренџер Френк Хамер кој со својата екипа им влегол во трага на Бони и Клајд и ги убил во Луизијана.