Два пиштоли кои некогаш им припаѓале на познатите гангстери Бони и Клајд биле продадени на аукција за 210 илјади долари. Пиштолите достигнале многу повисока цена отколку што се очекувало. Двата машински пиштоли кои потекнуваат од 1897 година биле купени од исто лице на аукција во Канзас. Првиот, чија очекувана цена била 35 илјади долари бил продаден за 130, а вториот исто така бил продаден по многу повисока цена.

Роберт Мејо, сопственик на аукциската куќа рекол дека се задоволни и дена ништо не ги изненадило. Според него пиштолите би привлекле внимание на секоја изложба или аукција. Споменатото оружје било запленето од страна на полицијата во април 1933 година, во акција во која биле убиени двајца полицајци. Бони и Клајд успеале да побегнат, но зад себе ги оставиле пиштолите.