По повод Меѓународниот ден на книгата за деца и млади, 2-ри април, вчера во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ се оддржа средба со охридскиот писател Тоде Илиевски.
Тој на присутните им се претстави со свои стихови за деца, како и одбрани песни од стихозбирките „Ведро едро“ (1990), „Изворите во горите“ (1999), „Липов чај“ (2009) и „Ќерката на поетот“ (2011).
Инаку, писателот Тоде Илиевски е член на Друштвото на писатели на Македонија, автор е на дванаесет книги, и е добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2009 година.
OhridNews
фото: „Мишо Јузмески“