Наградата за најдобра прозна творба „Стале Попов“ му припадна на Димитар Пандев кој исто така потекнува од Охрид. Во останатите категории, наградата најдобра поетска збирка „Ацо Шопов“ ја доби Јован Стрезовски, а наградата за критика и есеистика „Димитар Митрев“ му беше доделена на академик Гане Тодоровски.
Во Друштвото на писателите на Република Македонија членуваат 360 писатели од различни генерациии. Формирано на 13 февруари 1947 година од Гого Ивановски, Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Венко Марковски, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. ДПМ е меѓу првите институции за афирмација на творечките и интелектуалните потенцијали на младата држава.