На конкурсот за наградата „Живко Чинго“ што го рапишува Општина Охрид во рамки на традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“, расказот на Миневски конкурираше под шифрата „Лицем светци, срцем волци“ која, како и насловот, е стих од позната песна „1762 Лето“ на охридскиот поет од периодот на преродбата, Григор Приличев.
Земајки ја за рафинирана платформа оваа песна, авторот на наградениот расказ, на модерен, оригинален и репрезентативен начин ја раскажал историската легенда за апсењето на Архиепископот Арсениј и укинувањето на Охридската Архиепископија – стои, мегу другото, во одлуката на жири комисијата за наградениот расказ.
Наградата во износ од 30 илјади денари на писателот Блаже Миневски ќе му биде врачена во рамките на манифестацијата „Вечер на Чинго“ што традиционално се одржува во Велгошти, родното село на прерано починатиот писател, на 13.август, денот на смртта на Живко Чинго, соопшти локалната самоуправа.