Откако во Белград го завршил снимањето на новиот трилер „Ноемвриски човек“, поранешниот Џејмс Бонд, ирскиот актер Пирс Броснан бил фотографиран во Лондон во шопинг со еден од четворицата синови, Дилан. Иако е висок 187 сантиметри, Пирс бил доста понизок од својот син тинејџер, чија мајка е неговата втора сопруга Кили Шај Смит.
Со неа го има и синот Парис, а со покојната прва сопруга Касандра Харис и синот Шон. Ги посвоил и нејзините деца од првиот брак, Кристофер и Шарлот, која на почетокот на годинава починала од рак на 42 години.