Составот на Манчестер Сити е вториот учесник во финалето од англискиот Лига куп. „Граѓаните“ во големото финале на „Вембли“ стадионот ќе се сретнат со тимот на Астон Вила.

Лесно можеше да се случи на пласман во финалето да се радуваа црвениот дел од градот во Манчестер. „Црвените ѓаволи“ на Етихад со минимални 1-0 го совладаа градскиот ривал, но не успеаја да ја надополнат негативата 3-1 од првиот натпревар на Олд Трафорд. На Манчестер Јунајтед беше потребен уште погодок да избори егал и изведување на пенали, затоа што правилото гол во гости не важи во Лига купот.

Манчестер Сити минатата година го освои трофејот со кој најавија доминација во англискиот фудбал. Оваа сезона предизвикувач е Астон Вила, тим кој заедно со Манчестер Јунајтед имаа најмногу учества во финалиањата.

OhridNews