Италијанската фудбалска легенда Андреа Пирло стартуваше со тренерската мисија во Јувентус. Пирло во комплексот од италијанскиот шампион го одржа првиот тренинг.

На првата прозивка отсуствуваа Матијас де Лихт и Пабло Дибала, кои поради повреди нема да тренираат одредено време. Најмногу внимание привлече Кристијано Роналдо кој тренираше со „старата дама“ и покрај најавите за негово заминување од Торино.

Пирло го формираше тимот во стручниот штаб. Десна рака ќе му бидат Игор Тудор и Антонио Баронио. Пирло на позицијата тренер го наследи Маурицио Сари, кој доби отказ после елиминацијата од Лион во Лигата на Шампиони.

OhridNews