Четвртото продолжение на филмот „Пиратите од Карибите“ за само 12 дена прикажување заработило повеќе од 600 милиони долари во кината ширум светот, доаѓајќи на самиот врв на овогодинешната листа на блокбастерите. Филмот го повторил успехот на претходното продолжение кој во 2007 година во истиот рок ја достигнало истата сума.
„Пиратите од Карибите 4“ засега бележи подобри резултати во светот, каде заработил 483 милиони долари, отколку во САД каде инкасирале само 165 милиони долари. Филмот со Џони Деп и Пенелопе Круз во главните улоги, посебно добро заработил во замјите како што се Кина, Русија и Бразил. Ова продолжение на филмот воедно претставува и најголем успех на некој филм на „Дизни“ во Русија и Кина.