Валериј Муравов бил нападнат од голема црвена пирана додека ловел риба на реката Дњепар во близина на градот Киев. Ретката пирана не била никогаш претходно забележана во реките на северот од Европа. Муравов рекол дека пираната се обидела да го гризне.
Има намера да ја предаде на научниците, доколку тие имаат желба да ја испитаат. Црвената пирана еден украински богаташ ја донел од странство и ја чувал како домашен миленик. Набрзо му здодеала и ја фрлил во реката.