По бројните напади на пирани во Бразил во изминативе два месеци, нов застрашувачки напад се случил минатиот викенд во Парагвај. Официјалните лица на градот Касерес изјавиле дека никогаш претходно не биле видени пирани во нивните локални реки, но првиот забележан напад во Парагвај се случил на реката Даверон. Еден од капачите токму таму изгубил делови од своите ножни прсти за време на капењето. Елсон де Кампос Пинто изјавил дека влегол да се капи и одеднаш почувствувал страшна болка во стапалата.
Властите забраниле затворање на плажите, бидејќи како што наведуваат, важно е да се привлечат туристите на плажите кои се познати во својот екотуризам. Во прилог на тоа оди и најголемиот фестивал на риболов кој секоја година се одржува во сојузната држава Мато Гросо, а привлекува околу 200 илјади туристи.