Една пирана е уловена во реката Ил, кај градот Колмар, Источна Франција, соопштило локалното здружение на риболовци кое не било во состојба да објасни од каде се нашла таа риба во Француската река.
Пираната ја уловил еден риболовец и веднаш го известил здружението. Тоа било многу необично бидејќи пираните се среќаваат само по водотокот на реката Амазон во Јужна Америка. Најверојатно станува за куќен љубимец кој некој го исфрлил во реката.