Екипата на Беневенто предводена од легендарниот италијански фудбалер Филипо Инзаги е пред освојување на титулата во Серија Б и промоција во најквалитетната „калчо“ лига во Италија, По тој повод, Инзаги почнал да крои планови во кои се нашол и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.
Репрезентативецот на Македонија не ужива голема доверба во првата сезона во Удинезе. „Нестор гол“ постигна само еден погодок во вкупно 17 настапи во Серија А, кои, поголем дел го почнувал од клупата. Затоа трансферот во Беневенто под водство на Инзаги можеби ќе биде пресвртница во кариерата на Несторовски.
Слабата минутажа на Несторовски во Удинезе се одрази и во дресот на националната селекција. Несторовски го загуби статусот прва игла во нападот во македонската репрезентација која успеа да победи во една од групите во Д сегментот во Лигата на Нации и да обезбеди пласман на завршниот турнир за пласман на ЕП.
Инзаги во името на Несторовски ќе добие искусен шпиц со голема „калчолигашко“ педигре бидејќи офанзивецот од јуни 2016 година е дел од италијанскиот фудбал.
OhridNews