Македонскиот преставник во Јадранската лига, МЗТ Скопје пред своите гледачи од Унион Олимпија го претрпе десеттиот пораз сезонава. Словенците континуирано ја контролираа играта и резултат, и заслужено триумфираа во “Борис Трајковски“.

– Унион Олимпија заслужено се радуваше на победата на нашиот терен. Повредите во нашиот состав си го направија своето. Цела недела импровизиравме на тренинзите поради дефицит на кошаркари, а тоа се преслика на теренот против квалитетниот состав на Унион – истакна тренерот на МЗТ Скопје, Алеш Пипан.

Во наредната рунда АБА лигата, шампионот на Македонија гостуваат во Хрватска, кај Цедевита.

Мх.П.