– Селекторското место на клупата од Македонија е голем предизвик за мене. Тешко дека ќе го повториме успехот остварен во Литванија, но вреди да се обидеме. Не очекува напорна работа, имаме доста квалитетни кошаркари кои се желни да играат за Македонија затоа се е можно – истакна новопечениот селектор Алеш Пипан.
Кормиларот на “штрковите“ Пипан, даде свој осврт за групата на Македонија на Евробаскетот. “Црвено жолтите“ во групата се наоѓаат со Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Летонија и Литванија.
– Групата е изедначана и секој натпревар ќе биде да се биде или не. Најмногу ќе зависи од нас како ќе се подготвиме и како ќе одиграме, ако тоа го направиме одлично можеме да ги добиеме сите мечеви на Евробаскетот – заврши Пипан.