– Нема што да кажам после ваков пораз. Искрено им ја честитам победата на нашите противицни и им посакувам многу среќа во понатамошниот дел од лигата. Тие знаеа како да ја казнат секоја наша грешка, а ние неможевме никако да врземе добра серија при изедначен резултат. Понекогаш после пораз сум многу задоволен, ако играме добро и не не посака среќата или некој друг фактор кај што неможеме да влијаеме. Вака со избрзани шутеви, некоректни додавања неможе да се игра против лидерот во АБА лигата – посочи тренерот на МЗТ, Алеш Пипан.
За натпреварот со босанскиот преставник во Јадранската лига, свое видување даде и Американецот, Кејд Дејвис, кој е далеку од препознатливата форма од почетокот на сезоната.
– Се боревме во текот на целиот меч, во четвртата четвртина потфрливме целосно во тактичкиот дел. Загубивме премногу топки, а на Игокеа им оставивме премногу лесни кошеви – потенцираше Дејвис.
Македонскиот првак МЗТ Скопје во наредното коло на домашен терен го пречекува хрватскиот тим Задар.