Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, в сабота, ќе отпатуваат за Белград,
каде што во недела ќе го одигра дуелот со второпласираната екипа во АБА
лигата, Црвена Звезда.

Во минатото коло, МЗТ на домашен терен го совлада тимот на Сплит, додека Црвена ѕвезда во дербито беше поразена од Игокеа.

Натпреварот во Белград ќе биде втор дуел помеѓу овие два тима оваа
сезона, првиот кој беше одигран во Скопје на 27. октомври минатата
година, го доби екипата на Црвена Звезда, 75-60.

На натпреварот во Скопје, на клупата на МЗТ дебитираше Алеш Пипан, кој фаворитската улога и му ја додели на противникот.

„Патуваме во Белград за мечот против Црвена ѕвезда без никакво
оптеретување. Екипата на Ц.ѕвезда е фаворит на овој натпревар. Има
одлична екипа, добро пополнета на секоја позиција. Се надевам дека ќе
бидеме комплетни, и дека ќе го имаме и Чековски за овој натпревар. Би
сакал да одиграме квалитетно и во одбраната и во нападот и да и парираме
на Црвена ѕвезда што подобро“ изјави за официјалната интернет страна на
клубот тренерот Пипан.

Повредените Горјан Марковски и Стефан Поповски Турањанин нема да
патуваат во Белград, додека неизвесен е настапот на Ѓорѓи Чековски.

Натпреварот Црвена ѕвезда-МЗТ Скопје Аеродром, ќе се одигра в недела, со почеток во 19 часот.

“макфакс“