Д. Стојановски се повреди во првиот дел додека Николиќ теренот го напушти во третата четвртина. Дополнителните лекарски прегледи ќе покажат колку се сериозни повредите на двајцата кошаркари.
– Се надевам дека повредите нема да бидат од сериозен карактер. Подетално за нив ќе дознаеме наредните денови кога ќе се направат снимки. Што се однесува за мечот со Ѕвезда тие заслужено победија и ги казнија нашите грешки во втората четвртина. Во понатамошниот тек од натпреварот се обидувавме да се вратиме, но разликата беше недостижна – истакна тренерот Пипан.
Пипан не го загрижува поразот од Ѕвезда, колку повредите на Стојановски и Николиќ
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com