Со минимален пораз 81-80 од Црна Гора македонската кошаркарска селекција ја започна европската авантура во Словенија. Покрај очигледната судиска грешка селекторот Алеш Пипан смета дека кошаркарите направиле премногу грешки што резултирраше со пораз.


Во поголем дел од мечот игравме многу добро, но во последниот дел кога требаше да останеме цврсто на земја ние без потребно направивме еден куп грешки што не чинеа пораз – рече Пипан.

Селекторот се надворза на спорната ситуација која стави црна дамка на победата од Црна Гора.

– Сите се видоа добро е да се прегледа уште еднаш и да се донесе одлука. Јас од клупата го забележав тоа, а незнам како не го видоа судиите кои се под кошот – заврши селекторот.

Во втората рунда Македонија ќе се сретне со Литванија, која пред две години ја покоривме кон патот од историското четврото место.

Мх.П.