Тренерот на МЗТ Скопје и селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Алеш Пипан сеуште неможе да го преболи поразот од Игокеа на домашен терен. Тој за неуспехот со лидерот во Јадранската лига ги обвини медиумите кои ги величеле кошаркарите по победата над Цедевита во Хрватска.
– За мене добар играч е тој што игра како што треба на секој натпревар, а не само на еден-два во текот на сезоната. По нашиот триумф во хрватската престолнина имаше во најмала рака чудна реакција во јавноста што придонесе дел од кошаркарите да се залетаат и да помислат дека можат повеќе – истакна Пипан, а пренесува “МКД.мк“
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје во следното коло повторно игра на домашен терен против екипата на Задар.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com