Тренерот на МЗТ Скопје, Алеш Пипан, незадоволен по поразот на својот тим од Будуќност во Скопје, но и од реакцијата на Тодор Гечевски во 27.минута, по која заработи техничка грешка и мораше да го напушти теренот.


Тоа беше петти фаул на искусниот кошаркар, по што МЗТ немаше сили за да се врати во игра по огромната негатива на полувремето.
 
„Гечевски не смееше да реагира на тој начин. Ќе мора да зборувам со него на оваа тема и нема лесно да си помине. Барем тој е искусен играч, од него не се очекува таква реакција. Понекогаш судиските одлуки не се какви што ги очекуваме, но не смее да се реагира во таков стил“,
изјави Алеш Пипан, кој не сакаше да го коментира судењето на овој меч, напоменувајќи дека публиката го кажа својот став со упатените свирежи.       

“Екипа.мк“