Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Алеш Пипан на прес-конференцијата по натпреварот со Црна Гора не сакаше да ги коментира спорните моменти во завршницата од мечот, пред да ја погледне снимката, јавува „Макфакс“.
Околу спорниот момент и очигледната повреда на кошаркарските правила Пипан проговори во четврток.
„Ја погледнав снимката десетина пати и многу сме погодени и разочарани. Се случи голема неправда. Судијата најпрво го призна кошот, а потоа под притисок на другите двајца судии ја промени одлуката. Не знам зошто таква одлука и зошто ФИБА Европа не реагираше. Професионалци сме и затоа сега брзо треба да заборавиме на нервозата и да се фокусираме на натпреварот со Литванија кој за нас ќе биде своевиден поправен испит“, изјави Алеш Пипан.
Црна Гора победи на мечот од првото коло со Македонија со 81-80, во четврток нашата репрезентација од 21.00 часот ќе се сретне со Литванија во вториот меч од групата.
OhridNews
извор:„Макфакс“