По подготовките во Словенија, каде кошаркарската репрезентација заминува во петок, патуваат за Шпанија на контролен меч со европскиот шампион, па во Германија, каде играат со Грција, Германија и со БиХ, сè со цел подобра подготвеност за Европското првенство во септември.
Селекторот Алеш Пипан и центарот Предраг Самарџиски се оптимисти на почетокот од подготовките на кошаркарската репрезентација, иако се свесни дека ќе биде тешко да се одговори на предизвикот во Словенија, каде треба да го бранат високото четврто место, постигнато пред две години во Литванија.
„Во вторникот вечер прв пат трениравме во поголем број. Засега се оди по планираниот пат. Вечерва имаме уште еден тренинг во „Борис Трајковски“, по што утре патуваме за Словенија. Ова ќе биде главен дел од подготовките бидејќи ќе играме контролни средби, на кои најпрвин против Украина и Словенија, по што ќе следат и базичните подготовки во Крањска Гора. Ги имам на располагање сите играчи освен Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб, кои ќе ни се приклучат во Словенија. Немаме широк фонд на играчи, но имаме исклучително квалитетни кошаркари и затоа сум оптимист кога станува збор за шансите на Македонија на следниот шампионат“, рече селекторот Пипан.
Според Предраг Самарџиски фактот дека почнавме со подготовки неколку дена подоцна нема никакво влијание, затоа што сите тренираат напорно и добро се знаат еден со друг.
„Сите знаеме дека тимската хемија е еден од главните адути на Македонија. На подготовките во Словенија ќе се постави вистинската база за добри резултати во иднина. Свесни сме за задачата што ќе ја имаме. Противниците сега нема да не потценуваат. Ние од година во година играме се подобро, правиме се подобри и подобри резултати и верувам дека тој тренд ќе продолжи и во Словенија“, рече Самарџиски.
Директорот Илија Мерџановски информира дека сите организациски и технички работи се веќе средени.
„Од организациски и технички план се е направено, сите подготовки за напорите што не очекуваат патувања, хотели, авиони, опрема, се средени. По Словенија ќе бидеме една недела во Македонија, на 17 август ќе имаме пријателски меч со Литванија во Скопје. На 19 август заминуваме за Шпанија каде ќе одиграме две контролни средби со европскиот првак. Од Шпанија летаме за Улм, Германија, каде прво играме со Грција, Германија и со БиХ. На 26 август се враќаме дома, последната седмица пред ЕП ќе ја минеме тука, пред на 2 септември да се упатиме кон Словенија“, изјави Мерџановски.
СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА
Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб, Владо Илиевски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Предраг Самарџиски, Ѓорѓи Чековски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Владимир Брчков, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски,Горјан Марковски, Александар Штерјов.
Кошаркарите на Охрид утре во рамките на 18-то коло од Втората кошаркарска лига победничка серија ќе бараат на гостински терен во Скопје, против екипата на Работнички 2018 Натпреварот се игра со поч...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 21-то коло од Втората македонска фудбалска лига утре ја пречекуваат екипата на Победа Прилеп Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток во 14 ча...
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.