Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Алеш Пипан, го соопшти конечниот список на играчи кои ќе патуваат на Евробаскетот. Пред заминувањето за Словенија селекторот им се заблагодари на Марко Симоновски и Бојан Крстевски, пренесува „Макфакс“.

Во составот на репрезентацијата се наоѓаат деветмина играчи кои пред две години го освоија четвртото место, во однос на тој состав нови имиња се Костоски, Брчков и Ѓуроски. 

Македонија на Евробаскетот ќе ја преставуваат овие играчи: Александар Костоски, Владо Илиевски, Дарко Соколов, Лестер Бо Мекејлеб, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Владимир Брчков, Тодор Гечевски, Перо Антиќ (капитен), Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски и Предраг Самарџиски.

Репрезентативците за Словенија ќе отпатуваат во понеделник попладне и пред првиот натпревар во Црна Гора закажан за среда, ќе одработи неколку тренинзи.

Почнувајќи од среда (4 септември), на денот на отворањето на Евробаскетот, па заклучно со понеделник (9 септември), нашите репрезентативци ќе одиграат пет натпревари во рамки на Б групата против Црна Гора, Литванија, Србија, Босна и Херцеговина и Летонија.

OhridNews
извор:„Макфакс“