Алеш Пипан не е повеќе тренер на МЗТ Скопје откако се одлучи да не го продолжи договорот со “штрковите“.

Пипан, кој е селекторот на македонската кошаркарска репрезентација ќе потпише едногодишен договор со словенскиот тим Олимпија.

Со словенскиот стратег на клупата “штрковите“ стигнаа до дупла круна и до респектабилното седмо место во дебитанската сезона во Јадранската лига.

Мх.П.