Селекторот на Македонија, Алеш Пипан беше разочаран од играта на неговите избраници, а „бесен и лут“ на судиите кои со сомнителни одлуки донесоа немир во селекцијата на Македонија и резултираше со втор пораз на Европското првенство во Словенија.

– Честитки за Литванија и за нивната победа. Не сум задоволен од нашата игра, имавме многу варијации. Но не се предававме до крај. И кога бевме во негатива од 12 поени,почнавме да играме подобро, особено во одбраната. Шпанскиот судија реши многу работи, особено со прекршокот на крајот по дури пет секунди задоцнување. Но тоа не ја намалува победата на противникот. Сепак, ќе им порачам нешто: Дури сега нѐ налутивте, дури сега ќе видите со кого си имате работа – рече Пипан.

 

Мх.П.