Пипа Мидлтон и нејзиното ново момче Нико Џексон биле видени на скијање во Швајцарија, по што папараците ги уловиле во романтична прошетка. Интересно е тоа што прв пат Пипа јавно разменувала нежност со брокерот на ски сатазата, баш како што нејзината сестра Кејт на слично место се бакнала со принцот Вилијам. Врската на кралскиот пар престанала да биде тајна откако парот се бакнал на скијање во март 2004 година. Сега и Пипа Мидлтон на сличен начин на обелоденила својата врска. Парот бил виден на скијање, а потоа и на улиците во гратчето Сент Мориц. Џексон ја држел околу струкот а таа го бакнала пред фотографите. Подоцна отишле на ручек со пријателите.

Иако за нивната врска се шушка веќе извесен период, сите сомнежи биле отстранети по завршувањето на ски маратонот во кој заедно учествувале. Иако не постигнале добар пласман, си честитале со прегратка. Членовите на кралското семејство очигледно се луди по скијање, а како и не би биле, кога токму на снегот ги започнуваат љубовните романси. Исто така на скијање се зближиле и принцот Хари и неговата сегашна девојка Кресида Бонас.