Откако во ноември во британските медиуми одекнала веста за раскинувањето на Пипа Мидлтон и Алекс Лудон, сите се прашувале кој ќе биде новото момче на сестрата на војвотката од Кембриџ. Тоа е Џорџ Перси, богат наследник, војвода од Нортумберленд, кој со Пипа се знаел уште од факултет. Неименуван извор за британските медиуми рекол дека Перси, кој секоја година добивал по 250 илјади фунти од наследството на неговиот дедо, бил луд за сестрата на Кејт Мидлтон.

Перси и Пипа студирале заедно на универзитетот во Единбург, а и претходно се шпекулирало дека тие двајца се во врска, но тие демантирале со зборовите дека се само добри пријатели. Како што пренесуват медиумите, се зближиле за време на новогодишната вечера, на забава која била организирана од семеството Мидлтон.