Помладата сестра на принцезата Кејт продолжила со скандалите, па така на еден маскенбал во Париз била видена во страсна прегратка со Антоан де Тавернос, младиот француски плејбој. Иако неодамна добила укор како од своето така и од кралското семејство да води сметка за своето однесување, Пипа продолжила по старо.
Таа лудо се забавувала на роденденската забава на аристократот Артур де Султре во Париз, кој во својата вила приредил маскенбал, а во еден момент била забележана како се бакнува со шармантниот де Тавернос, кој го бие глас за голем женкар. Еден од гостите на забавата рекол дека тоа за Антоан било само забава и ништо повеќе.