Сестрата на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон не сака да живее под лупа на кралското семејство кое и одредува што може да прави а што не, и поради тоа сакала да се пресели во САД. Симпатичната Пипа, која сака да оди на забави, не се грижи многу за политичарите. Како што пишуваат британските медиуми, таа неодамна на едно дружење го сретнала Џорџ Озборн, министерот за финансии, а таа немала поим кој е човекот пред неа. Тој ја поздравил и и рекол ти мора да си Пипа Мидлтон. Таа само збунето го гледала, а потоа го прашала кој е тој и со што се занимава.
Пипа, која напишала книга за организирањето добри забави, очигледно направила гаф на тој прием, навеле медиумите, додека Озборн само се насмевнал и и се претставил на девојката. На Пипа наводно и било забрането да се појави на еден спортски настан на кој присуствувала и кралицата Елизабета Втора, бидејќи би можело да се случи да ја засени со својата кратка сукња. На сето тоа Пипа рекла дека нејзината сестра избрала да живее таков живот и дека таа тоа не мора да го трпи.