Пипа Мидлтон ги одбила сите работи кои се однесуваат на јавниот живот, како не би ја посрамотила нејзината сестра Кејт Мидлтон. Нејзин пријател рекол дека и биле понудени многу работи во САД, меѓу кои и да води американско ток шоу, но Пипа тоа го одбила, бидејќи се плашела дека додатно ќе ја осрамоти сестрата.

Откако Кејт морала да минува низ вистински хаос поради топлес фотографиите, последно што Пипа сакала било дополнително да ја срамоти сестрата. Токму поради тоа и одбила интервју кај планетарно популарната Опра Винфри. Пријателот навел дека Пипа била свесна како Опра ќе и постави прашање за топлесот на нејзината сестра, па затоа избегнувала појавување и работа во медиумите.