Сестрата на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон, ќе дава совети за готвење на сите заинтересирани во новата колумна која ќе ја пишува за ланецот супермаркети „Вејтроуз“. Таа ќе пишува колумна за списанието „Вејтроуз Китчен“, кое излегува секој месец токму за тој ланец супермаркети. Нејзината колумна ќе носи назив “Pippa’s Friday Night Feasts”.  Таа била ангажирана да ја пишува колумната откако минатата година објавила книга за организирање прослави ‘Celebrate”, која е водич за забави за цела година, а заснована била на нејзиното искуство кое го стекнала работејќи како организатор на забави што е и семеен бизнис.

Меѓутоа, книгата наишла на лош прием и на цинични коментари кај читателите, па брзо била ставена на распродажба во книжарите. Уредникот „Вејтроуз Китчен“ рекол дека верува како читателите ќе уживаат во опуштените и забавни идеи на Пипа. Нејзината прва колумна ќе биде објавена во априлското издание на списанието.