Сестрата на британската принцеза Кејт, Пипа Мидлтон, се спрема за напорен предизвик, возење со велосипер ширум САД, јавуваат странските портали. Пипа е дел од велосипедски тим кој ќе патува речиси 5000 километри, од Калифорнија до Мериленд.
Патувањето почнува во сабота, а Пипа и нејзиниот брат Џејмс се регистрирани за оваа трка со пријателот Џејмс Метјус. Во возењето ќе учествуваат осум лица, а целта е од хуманитарен карактер и во чест на братот на Метјус Мајкл, кои умрел во 1999 година за време на спуштањето низ Монт Еверест.