Во организација на Атлетската федерација на Македонија денеска на „СРЦ Атина Бојаџи“ во Охрид ќе се одржи Државното првенство за атлетичари родени 1996 година и помлади.
Пионерите ќе настапат во дисциплините: 100м., 300м., 1000м., 4х100м., копје (600гр.), ѓуле (4 кг.), далечина, височина, диск (1 кг.)
Пионерките ќе се натпреваруваат во дисциплините: 100м., 300м., 600м., 4х100м., копје (600гр.), ѓуле (3кг.), далечина, височина, диск (1кг.).
Доколку има натпреварувачи во сениорска и младинска конкуренција ќе им биде дозволено учество, надвор од конкуренција во дисциплините за пионери-ки.
Дисциплини за надвор од конкуренција:
– Мажи: 110м. пречки, 400м. пречки, 400м., 5000м., кладиво (7.26кг.).
– Жени: 100м. пречки, 3000м. стипл, трискок, кладиво.
Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот посебно на кралицата на спортовите да дојдат на градскиот стадион и да ја подржат иднината на овај спорт во Македонија. Натпреварот стартува во 11 часот.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com