Пионерите од ракометниот клуб Охрид со гостинска победа 22-12 (11-5) над тимот од Макалоски Прилеп ја започнаа новата сезона.
Избраниците на Наум Бабачев добро го отворија мечот, што им донесе шест погодоци предност по првото полувреме.
Охридските надежи во вториот дел не само што ја задржаа предноста туку ја зголемија на десет голови за убедлива победа на крајот од мечот.
Иваноски со седум голови беше најпрецизен во составот на Охрид, по четири реализираа Костов и Најденовски, Ристески постигна три, а по два пати погодија Осман и Димитриески.
Во втората рунда охридските ракометари ќе се сретнат со составот на Еурофарм Работник.
OhridNews