Пионерите од Ракометниот клуб Охрид в сабота со почеток во 13 часот во спортската сала „Тодор Александров“ ќе ги одмерат силите со тимот на „Филип Вардар“.
Мечот со своите врсници од Прилеп е трет за охридските ракометни надежи во пионерската супер лига.
По два одиграни натпревари „петлињата“ имаат половичен успех од една победа и еден пораз.
Мх.П.