Пионерите на охридскиот “Еврофудбал“ ќе бидат дел од завршните плеј – оф натпревари во првенството на Македонија.
Во Сабота (7 Јуни) со почеток во 17 часот на СРЦ Билјанини Извори во 1/4 финалето ќе ја пречекаат екипата на Струмичка Беласица.
Двојки 1/4 финале :
Охрид : | Еврофудбал | – | Беласица |
Кочани : | Кочани | – | Прилеп МК |
Куманово : | Милано | – | Брегалница |
Тетово : | Шкендија | – | Бешикташ |
Се игра еден натпревар – систем елиминација.