Тренерот на Милан, Стефано Пиоли по синоќешното реми со Аталанта (1:1), им порача на своите избраници да бидат порешителни на следните натпревари.
Задоволен сум во смисла што не и дозволивме на Аталанта да направи многу, а сепак игравме со идејата за самопожртвуваност. Во второто полувреме требаше да се делува порешително. Аталанта го смени планот и делуваше подлабоко, па требаше да играме потрпеливо за да ја отвориме нивната одбрана. Имам многу силни напаѓачи на располагање, треба да ги искористам сите за да ги доведам во форма. Го внесов во игра и Де Кетелар. Бевме блиску до победа со неколку добри шанси. Ако го оцениме настапот на мечот со многу силен противник, тогаш сум задоволен, изјави Пиоли за „DAZN“.
Милан кој ја брани шампионската титула во Серија А, по две кола има четири бода, исто колку и Аталната. Пред нив на табелата се Наполи и Интер со максимални шест бода.
OhridNews