Српскиот стратег Синиша Михајловиќ прв пат го предодеше тимот на Болоња кој во последниот натпревар од 15-та рунда во Серија А претрпе пораз од Милан 3-2. Михајловиќ летото изјави дека боледува од леукемија, а со низа хемотерапии и пресадување на коскена срж успешно се избори со болеста.

Вистинско уживање беше да го видам Михајловиќ на клупата. Сакав да го прегрнам но тој ми рече да не го прават тоа поради неговата здраствена состојба. Возбудливо беше на теренот, но средбата со Михајловиќ најмногу ме погоди. Му посакувам целосно закрепнување. – изјави тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

Полскиот голгетер Криштоф Пјонтек го прекина гол постот постигнувајќи го погодокот за водство од 1-0.

Неговиот учинок во мечот беше многу голем. Секако, задача на напаѓачите е да постигнуваат погодоци, но сепак тој извршува маестрални работи и кога не се запишува во листата на стрелци. Погодокот ќе му влее голема самодоверба на Пјонтек и се надевам дека ова ќе биде почеток на една добра серија. – додаде тренерот на Милан.

„Росонерите“ со вториот триумф во низа се пробија на десеттата позиција и најавија излез од резултатската криза.