Францускиот скијач Алексис Пинтуро ја забележа третата велеслаломска победа во низа сезонава во Светскиот куп, откако триумфираше попладнево на патеката во Аделбоден, Швајцарија.

Победата на Пинтуро падна во сенка од страотниот пад во кој настрада Американецот Томи Форд. Форд веднаш со хеликоптер беше пренесен на болница и таму ќе остане додека се направат комплетните проблеми.

На второто место заврши  Хрватот Филип Зубчиќ, кој заостана 1,26 секунди зад Пинтуро, додека трет беше Швајцарецот Лоик Меилард со заостанување од 1.65 секунди.

OhridNews