Спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто изрази уверување дека клубот ќе го продолжи договорот со дефанзивецот Крис Смолинг.

Работиме на услови кои ќе одговараат на сите. Крис е важен за клубот. Тој сака да продолжи да игра за нас, а ние сакаме тој да остане, изјави Пинто за „Фудбал Италија“.

Смолинг е во Рома од октомври 2020 година. Во сезоната 2022/23 тој постигна три гола на 23 натпревари за тимот.

Договорот на 33-годишниот Англичанец со Римјаните е со важност до крајот на јуни 2023 година.

OhridNews