Пејачката Пинк заедно со Нејт Руес ја снимила песната ‘Just Give Me A Reason’, а оваа седмица бил објавен и спотот. Во видеото освен пејачот и Пинк се појавува и нејзиниот сопруг Кери Харт.
Емотивната песна е следена со исти таков спот, Пинк сонува, лета на облаци, плива во вода и на крајот страсно се бакнува со својот сопруг. Во спотот Пинк и сопругот се појавуваат во долна облека, додека таа носи чипкаст градник, тој е во бели боксерки.