Српската телевизија „Пинк“ која е  во сопственост на Жељко Митровиќ,  ја купи македонската национална телевизија „Алфа“ зад која што досега стоеше бизнисменот Штерјо Наков.

Како што дознава Макфакс, ова се случило синоќа во хотелот Александар Палас во Скопје.

Според овој договор, телевизија „Пинк“ има сто процентна сопственост врз Алфа телевизија.

„Јас како програмски уредник немам таква информација. Не можам ниту да ја потврдам ниту да ја демантирам веста“, изјави Љубомир Николовски, програмски директор на Алфа телевизија.

По ова прашање не можеше да се изјасни ниту извршниот директор Младен Дамев, кој на прашањето дали е вистина дека „Пинк“ телевизија ја купи „Алфа“, изјави “Немам коментар“.

„Макфакс“ дознава дека сопствениците на „Пинк“ веќе неколку пати ја посетиле Алфа телевизија.

OhridNews
извор: „Макфакс“