Пејачката Пинк ослабела 25 килограми, а заводливата фигура ја покажала на насловната страна на списанието “Shape”. Пејачката, која во јуни 2011 родила ќерка, успеала да ја дотера линијата за една година, така што тренирала шест пати неделно, комбинирајќи јога, трчање и бокс, а за во исхраната ги исфрлила намирниците од животинско потекло.
Пинк рекла дека во бременоста, сите девет месеци, јадела пити со сирење. Се давела во бомбони и пити. Се намачила како би ослабела, а и покрај тоа би сакала да има многу деца и тоа за цела фудбалска екипа.