Пејачката Пинк купила куќа во Калифорнија за 4,7 милиони долари. Таа заедно со сопругот Кори Харт избрала скапоцена вила во Малибу, а бидејќи тие двајца наскоро ќе станат родители, новата куќа морала да биде идеална и за приновата.
Популарната пејачка би требало да се породи за неколку седмици, па парот дотогаш ќе мора да ја среди куќата по свој вкус. Куќата содржи голем двор, базен и пет гаражи. Во нивното соседство се наоѓаат голем број познати личности, а прв сосед ќе им биде актерот Метју Меконах.