Пинк Флојд ќе објават нов студиски албум оваа година, најавила вчера преку Твитер Поли Симпсон, порпаролот на легендарниот бенд и сопруга на фронтменот и гитарис Дејвид Гилмур. Таа навела дека албумот ќе излезе во октомври и ќе носи наслов „Ендлес Ривер“, а ќе биде заснован на последната песна која ја напишал Рик Рајт. Рик Рајт, кој бил клавијатурст на групата, починал во 2008 година од рак. Песната настанала 1994 година за време на снимањето на албумот „Дивижн Бел“.

Пратечкиот вокал на бендот, Дурга Мекбурмн, исто така ја потврдила веста за новиот албум, поставувајќи фотографија од снимањето на фејсбук. Гилмур Рајт и Ник Мејсон последниот албум како групата Пинк Флојд го објавиле 1994 година. Последен соло албум на Гилмур, пак, е „Он ен Ајланд“ кој излегол во 2006 година.