Како што пренесува списанието „ОК!“, пејачката Пинк го очекува своето второ дете со сопругот Кереј Карт. Според изворот кој ја пласирал информацијата, ова било идеално време за втора бременост бидејќи пејачката има 34 години. На почетокот на месецов папараците ја фотографирале пејачката како џогира, а се познавало и стомачето кое повеќе не можело да се сокрие.
Меѓутоа, претставничката на Пинк за медиумите не сакала да открива било какви детали врзани за нејзиниот приватен живот. Откако ја добила својата сега веќе тригодишна ќерка Вилоу, Пинк често изјавувала дека би сакала да има уште едно дете, додека пред прв пат да остане бремена, имала големи проблеми да затрудни.