Црнобел царски пингвин неодамна пливал во морето околу Антарктикот, па најверојатно погрешно завртел, препливал околу 3500 километри, и завршил на песочните плажи во Нов Зеланд. Тоа е прв пат во 44 години царски пингвин да се појави на плажите во Нов Зеланд.


Експертите рекле дека пингвинот најверојатно залутал во потрага по храна. Доколку навистина препливал 3500 километри од Антарктикот до Нов Зеланд, за тоа патување му биле потребни најмалку 30 дена. Експертите додале дека тоа не е чудно за пингвините, кои можат со седмици да бидат во морето, а на копно да излезат само малку да одморат.